Опис
Ако сакате ефект како ретинол, но без чувствителност и лупење, Bakuchiol е вашата clean beauty ѕвезда. INIKA Organic Bakuchiol Serum е веганска, 100% природна растителна алтернатива на ретинол, клинички докажана дека е подеднакво ефикасна во намалување на знаците на стареење, подобрување на проблематична кожа и заштита од понатамошни оштетувања – без иритација. Погоден е за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна и акни-склона кожа, и може да се користи и наутро и навечер.
Bakuchiol клинички покажува дека:
- ја поттикнува продукцијата на колаген,
- ја подобрува текстурата и тонот на кожата,
- ги намалува хиперпигментациите, воспаленијата, фините линии, брчките и акните,
додека кожата останува мирна и балансирана, без „ретинол реакција“.
Серумот е лесен и брзо впивачки, формулиран со вегански сквалан (од маслинка) кој веднаш ја хидрира и измазнува кожата. Скваланот ја зајакнува природната бариера и ја „заклучува“ влагата за пополнет, мазен и радијантен изглед.
Клинички докажано дека:
- ја намалува пигментацијата до 28% за 4 недели,
- ја намалува длабочината на брчките до 24% за 4 недели,
- 93% потврдиле дека кожата изгледа помазна и посјајна,
- 94% дека е поеластична,
- 97% дека целокупната состојба на кожата е подобрена,
- 93% дека е доволно нежен за секојдневна употреба.
Дополнително, Bakuchiol е клинички докажан да: - ги намали брчките за 29% за 12 недели,
- ја подобри грубоста и сувоста до 90% за 12 недели,
- ги намали акните за 57% за 6 недели.
Серумот доаѓа во одржливо стаклено пакување со алуминиумски капак, во стилот на чистата и одговорна INIKA skincare линија.
Награди: Добитник на повеќе престижни признанија: Silver на Global Green Beauty Awards 2024, Silver на Health & Wellbeing Awards 2024 и Finalist на Natural Health Beauty Awards 2023 — доказ за ефикасна, clean формула со видливи резултати.
Апликација: По чистење и тонирање, нанесете 2–3 капки серум на чиста кожа на лице и врат. Со прсти нежно масирајте во кружни движења додека целосно не се апсорбира. Може да се употребува секое утро и/или навечер пред крема. Формулата се апсорбира брзо и ја остави кожата мека, мазна и со природен сјај, без чувство на тежина или масни остатоци. Совршен во комбинација со INIKA Organic Phytofuse Renew™ Day Cream.
Состојки: Squalane (Olive Derived), Bakuchiol. 100% Natural Origin of Total.
Бренд: INIKA Organic.








Критики
Нема критики сеуште.