Друштво за е-трговија НОМИ ЕНД ЈУ ДОО Скопје
Што се колачиња?
Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на Вашиот компјутер или мобилен уред заради чување на информации за вашата посета. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.
Постојат разни видови колачиња и тие обично се сортираат според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта). Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории: „за време на сесијата“ и „трајни (упорни)“.
Колачињата за време на сесијата се привремени и се бришат кога ќе го затворите пребарувачот или по одреден период на неактивност. Трајните колачиња остануваат на Вашиот компјутер до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата.
Според доменот на кој припаѓаат колачињата се поделени на 1) колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот што се посетува, односно НОМИ ЕНД ЈУ и 2) колачиња кои се поставени од трети страни, од друг домен освен оној што го посетил корисникот.
Што прават колачињата?
Колачињата можат да содржат многу видови информации за вашата посета на одредена веб страница, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за вас, но можат да соберат информации за вашите навики на пребарување. Во најголем дел, колачињата го подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.
Меѓутоа, веб страниците исто така користат колачиња кои служат за рекламирање согласно вашите интереси врз основа на избраните преференции или содржината на страниците што сте ги посетиле. Од овие причини, некои веб корисници ги бришат или одбиваат одредени типови на колачиња, односно колачиња од одредени страници.
Дали можам да ги избришам колачињата?
Да, можете да ги прегледате колачињата зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Сепак, секој пребарувач има различна постапка за таа цел.
Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страница. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.
Може ли да го поставам пребарувачот да ги блокира колачињата?
Да, повеќето пребарувачи Ви дозволуваат да наведете кои видови колачиња ги прифаќате или ќе ги одбиете сите колачиња. Бидејќи секој пребарувач е различен, еве неколку од најчестите:
– Opera
Да го оневозможите следењето од Google Analytics на сите веб страници, посетете ја https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која Ви препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство со пребарувањето.
Како ги користиме колачињата?
Ние ги користиме колачињата на различни начини со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата страница, деталите се наведени подолу.
Неопходни | Неопходните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно. |
Преференцијални | Преференцијални колачиња овозможуваат веб страница да запомни информации што го менуваат начинот на однесување или изгледот на веб страницата, како на пример префериран јазик или регионот во кој се наоѓате. |
Статистички | Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата со собирање и анонимно пријавување на податоците. |
Маркетинг | Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и го интересираат корисникот, а што е воедно важно за огласувачите како трети страни. |
– Kолачиња што ќе ги сретнете при пребарување на веб страницата на НОМИ ЕНД ЈУ се сметаат за колачиња на „трети страни“. Ова значи дека веб страницата НОМИ ЕНД ЈУ користи функции обезбедени од надворешни провајдери, како што е Facebook, коj ги поставува колачињата. Колачињата од трети страни сами по себе не се поразлични од колачињата поставени од НОМИ ЕНД ЈУ. Единственото нешто што треба да се има предвид е дека надворешниот провајдер, а не НОМИ ЕНД ЈУ, одредува кој тип на податоци се зачувуваат и како се користат.
– Најчестиот вид колачиња што се користи на веб страницата на НОМИ ЕНД ЈУ се поставени од Google Analytics, кои ни обезбедуваат статистички податоци за трендовите на користење и ни помагаат во донесувањето на одлуки за тоа кои видови на содржини се најпопуларни.
Колачиња поставени на www.nomiandyou.com
Назив на колачето | Кој го поставува | Опис и цел | Период на траење |
sbjs_migrations | www.nomiandyou.com | Аналитички колачиња Ова колаче го идентификува изворот на посетата и ги складира информациите за дејствата на корисникот во колачињата. Ова аналитичко и бихејвиорално колаче се користи за подобрување на искуството на посетителите на веб-страницата. | За време на сесијата |
sbjs_current_add | www.nomiandyou.com | Аналитички колачиња Ова колаче го идентификува изворот на посетата и ги складира информациите за дејствата на корисникот во колачињата. Ова аналитичко и бихејвиорално колаче се користи за подобрување на искуството на посетителите на веб-страницата. | За време на сесијата |
sbjs_first_add | www.nomiandyou.com | Аналитички колачиња Ова колаче го идентификува изворот на посетата и ги складира информациите за дејствата на корисникот во колачињата. Ова аналитичко и бихејвиорално колаче се користи за подобрување на искуството на посетителите на веб-страницата. | За време на сесијата |
sbjs_current | www.nomiandyou.com | Аналитички колачиња Ова колаче го идентификува изворот на посетата и ги складира информациите за дејствата на корисникот во колачињата. Ова аналитичко и бихејвиорално колаче се користи за подобрување на искуството на посетителите на веб-страницата. | За време на сесијата |
sbjs_first | www.nomiandyou.com | Аналитички колачиња Ова колаче го идентификува изворот на посетата и ги складира информациите за дејствата на корисникот во колачињата. Ова аналитичко и бихејвиорално колаче се користи за подобрување на искуството на посетителите на веб-страницата. | За време на сесијата |
sbjs_udata | www.nomiandyou.com | Аналитички колачиња Ова колаче го идентификува изворот на посетата и ги складира информациите за дејствата на корисникот во колачињата. Ова аналитичко и бихејвиорално колаче се користи за подобрување на искуството на посетителите на веб-страницата. | За време на сесијата |
sbjs_session | www.nomiandyou.com | Аналитички колачиња Ова колаче го идентификува изворот на посетата и ги складира информациите за дејствата на корисникот во колачињата. Ова аналитичко и бихејвиорално колаче се користи за подобрување на искуството на посетителите на веб-страницата. | 60 минути |
_tccl_visitor | www.nomiandyou.com | Аналитички колачиња Godaddy го поставува ова колаче за да собира агрегирани, анонимизирани податоци за да ги подобри перформансите на страницата. | 365 дена |
_tccl_visit | www.nomiandyou.com | Аналитички колачиња Godaddy го поставува ова колаче за да собира агрегирани, анонимизирани податоци за да ги подобри перформансите на страницата. | 60 минути |
wpEmojiSettingsSupports | www.nomiandyou.com | Неопходни колачиња WordPress го поставува ова колаче кога корисникот комуницира со емотикони на веб-страница на WordPress. Тоа помага да се утврди дали прелистувачот на корисникот може правилно да прикажува емотикони. | За време на сесијата |
контакт
За дополнителни информации или рекламации, ве молиме контактирајте нè на: